Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 23:00 часот го лишиле од слобода Д.С.(30) од тетовски Лешок затоа што неговиот угостителски објект работел по дозволеното време и во него биле послужувани гости, соопшти денеска МВР.
Од Министерството информираат дека Д.С. бил задржан за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Објектот бил времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.