Нa 08.03.2021 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано непочитување на работното време, односно во објектото биле затекнати 13 лица – гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а управителот на објектот В.Т.(30) од Тетово бил лишен од солбода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2021 10:39