Парчиња метеорит се пронајдени во округот Глостершир во Велика Британија, а научниците се особено возбудени затоа што станува збор за редок вид вселенски камења. Се работи за т.н. јаглероден хондрит – материјал кој содржи непроменета хемиска структура, уште од создавањето на Сончевиот Систем пред 4,6 милијарди години, како што пишува „Гардијан“.

Примерок со тежина од околу 300 грама и другите парчиња биле лоцирани откако научниците ја реконструирале траекторијата на метеорот што го проби звучниот ѕид нешто во неделата на 28 февруари.

Научниците од Природонаучниот музеј во Лондон потврдија дека црно парче карпа со јаглероден хондрит, што никогаш порано не е видено во Велика Британија, паднало близу градот Викомб. Ешли Грин, научник од музејот, изјави дека е една од првите луѓе што го виделе и проучувале овој многу редок метеорит што го нашле веднаш по падот на метеоритот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2021 13:27