Денеска (9.3.2021) околу 12.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот тетовец Б.Р., осуден на затворска казна од година и два месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето, реализирано со судска наредба, Б.Р. e спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2021 14:17