Двајца дебрани и правно лице за вршење јавен превоз со седиште во Дебар заработија кривични пријави поради вршење јавен превоз без лиценца.
– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Д.Ш.(45) и Б.Л.(33), двајцата од Дебар, како и против правно лице за вршење јавен превоз со седиште во Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според него, при контрола извршена во Дебар на 25-ти минатиот месец, полициски службеници констатирале дека Б.Л. вршел јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца за таа дејност и дека бил ангажиран од правното лице и Д.Ш. како одговорен во правниот субјект.
Претходно кривична пријава беше поднесена против А.К(52) од Дебар, поради идентични основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца”. И него на 25-ти минатиот месец при сообраќајна контрола извршена на улицата „22 декември” во Дебар, полициските службеници го затекнале пријавениот како управува патнички автомобил сопственост на неговиот брат и, врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца за јавен превоз.