Манор, најголемиот швајцарски трговски синџир почна да нуди подарок ваучери со биткоин, и досега тоа е пилот проект во 59 нивни објекти.

Во исто време, гигантот Валора, што е најголем доставувач на прехранбени продукти објави дека од почетокот на април почнува да продава подарок ваучери што содржат биткоин. Двете компании соработуваат со финансиската компанија за криптовалути Вардекс Свис (Vardex Suisse). Нивните ваучери сега одат во три варијанти од 100 до 500 швајацарски франци и се нарекуваат Cryptonow.

Засега потрошувачите имаат одредени ограничувања за начините на кои може да ги користат ваучерите. Тие може да ги разменат за франци или да продат количеството на биткоини на еден од 70 банкомати за криптовалути чиј оператор е Вардекс. Самите трговски синџири пресметуваат минимални такси за трговијата со криптовалутите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2021 22:55