На граничниот премин „Деве Баир“ вчера приведен е државјанин на Република Турција поради фалсификуван зелен картон.
– Вчера во 10:30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен О.А.(39) од Република Турција бидејќи при извршена проверка било констатирано дека постои основано сомнение дека зелениот картон е фалсификуван, соопшти денеска МВР.
Од Министерството велат дека лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.