Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08:00 до 13:00 часот при акциска контрола на подрачјето на СВР Велес се регистрирани 18 прекршоци.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека од вкупниот број прекршоци, 10 се регистрирани во Велес, четири во Кавадарци и четири во Неготино.

– Несовесните пешаци кои не минат на пешачки премин и ги прекршуваат правилата согласно Законот, ќе бидат соодветно санкционирани, рече Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2021 13:30