СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(20) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
На 20.11.2020, пријавениот, без знаење на 17-годишен малолетник, го снимал нивниот разговор, по што видеото го објавил на социјалните мрежи и на негов Youtube канал.