Маж и жена на 28 и 24 години се приведени откако се заканувале на вработена во тетовската Клиничка болница вчера околу 19 часот, соопшти денес СВР Тетово.

-Вчера околу 18 часот и 45 минути, на улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(28) и 24-годишната С.А. од Тетово. Тие половина час пред тоа ја навредувале и и се заканувале на 34-годишна вработена во тетовската Клиничка болница, во која се лекувала нивна роднина, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата продолжува со мерките за расчистување и документирање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2021 18:40