На автопатот Скопје- Гевгелија, после Миравци, денеска возач на возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, откако видел полициска патрола го оставил возилото и избегал, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведоа дека при контрола во возилото биле пронајдени 25 лица – мигранти, а по преземени мерки, возачот бил пронајден и лишен од слобода.
– Се работи за лицето У.Р.(20) од Чучер Сандево – Скопје. Известен е јавен обивнител и по целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, инфомираа од МВР.