Турција планира до есен да вакцинира 50 милиони луѓе против ковид-19 за да го спречи ширењето на коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство, Фахретин Коџа, ден откако беше регистриран најголемиот дневен број на нови инфекции оваа година.

Државата со 83 милиони жители вакцинирала 10,56 милиони од нив од 14 јануари, кога започна употребата на кинеската вакцина „Синовак“.

– Ако вакцинираме 50 милиони луѓе како што беше планирано до есен, пандемијата повеќе нема да претставува проблем за нас, нагласи Коџа во телевизиско интервју по повод годишнината од првиот случај на заразан со ковид-19 во Турција.

Во државата има 2,82 милиони заразени и повеќе од 29.000 смртни случаи од ковид-19.

Бројот на новозаразени вчера беше 14.556, најмногу од крајот на 2020 година и речиси двојно повеќе отколку пред еден месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2021 23:00