Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека е подготвена да го забрза печатењето на пари за да ги задржи трошоците за позајмување во еврозоната.

Загрижена дека зголемувањето на приходите од обврзниците може да го уништи закрепнувањето во 19-те земји од еврозоната, ЕЦБ соопшти дека ќе ги искористи средствата од Програмата за итни набавки во време на пандемија (ПЕПП) во следните месеци со цел да стопира неоправдано зголемување на долговите.

Многу очекуваниот потег на ЕЦБ е сличен на потег на американските Федерални резерви (ФеД).

Растот во еврозоната во моментов е помал отколку што се предвидуваше, бидејќи новиот бран на падндемијата со ковид-19 и бавната дистрибуција на вакцини го забавија заздравувањето на екомомијата, што беше предвидена за оваа пролет.

– Иако се очекува целокупната економска состојба да се подобри во 2021 година, останува неизвесноста за краткорочните економски изгледи, особено динамиката на пандемијата и брзината на имунизацијата, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Прогнозата за инфлација, исто така, е зголемена од еден на 1,5 отсто во декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2021 23:05