Како скандалозен може да се оцени евровизискиот спот на Република Македонија за песната Here i stand на струмичанецот Васил Гарванлиев кој оваа година ќе ја претставува нашата земја на изборот за најдобра песна во Европа односно на Евровизија која ќе се оддржи во Ротердам, Холандија.

Имено откако минатата година поради ковид пандемијата манифестацијата за избор на најдобра песна во Европа беше одложена а на која Васил требаше да настапи со песната You и за која сними спот во кафе барот „Черчил“ во Скопје, оваа година приказната е сосема поинаква а одредени кадри од видео записот во јавноста предизвикаа негативни реакции.

Имено во спотот, во еден од кадрите кој трае околу пет секунди во позадината на Васил Гарванлиев се појавуваат боите на бугарското знаме односно белата, зелената и црвената вертикално поставени на ѕид. Ова целосно кореспондира со боите на знамето на нашиот источен сосед, разликата е само во тоа што во официјалниот симбол односно бугарското знаме истите се по хоризонтален редослед.

Воедно, речиси ниту еден момент од спотот не асоцира дека станува збор за претставник од Република Македонија, имајќи го во предвид фактот дека најголемиот број од песните и спотовите на претставниците на Евровизија се во насока на промоција на нивните држави, ниту пак некаде може да се забележи македонското знаме.

Автор на музика и текстот е самиот Васил, а аранжманот и продукцијата се дело на Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Музиката за песната се снимаше во студиото „Фејмс“ во Скопје, со оркестар во живо, под диригентската палка на Олег Кондратенко.

Спотот е снимен на повеќе локации, односно во студиото „Фејмс“, дел од сцените се снимани во Даут Пашин Амам во Скопје, а во спотот се прикажуваат и кадри од Културниот центар во Чикаго, каде Васил поминувал многу време како член на Детскиот хор од овој град.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2021 04:14