Последните бројки на новозаразени во Белгија покажуваат нагорен тренд, со 3500 нови случаи, за прв пат од крајот на минатата година.

Зголемениот број новозаразени регистриран вчера продолжува да расте, и, иако Белгија веруваше дека ќе може да избегне трет бран, стравот почнува да се зголемува.

Според последните статистики Белгија се соочува со највисока бројка новозаразени од декември лани.

Во просек меѓу 2 и 8 март детектирани се 2422 нови случаи на ковид-19 дневно, што претставува зголемување од два отсто во споредба со претходната недела, и највисок просек од декември 2020.

Медиумите пренесуваат дека подемот се потврдува и дека зголемувањето се одвива со брзо темпо, без тоа да може да се објасни преку зголемен број тестирања, бидејќи тие остануваат стабилни.

Стапката на позитивни тестови исто така е зголемена, но не и бројот на нови хоспитализации за сега, што ги смирува властите во однос на капацитетот да се справат со евентуален трет бран.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2021 12:06