Сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара, закрепнува по операцијата, откако вчера беше хоспитализирана поради воспаление на слепото црево.

Кабинетот на премиерот соопшти дека нејзината здравствена состојба е добра. Нетанјаху бил со сопругата пред и по нејзината операција и се заблагодари на многубројните желби за побрзо оздравување.

Болеста на Сара Нетанјаху ја доведе во прашање историската посета на израелскиот премиер на Обединетите Арапски Емирати, која требаше да се случи вчера. На крајот посетата е одложена поради недоразбирањето со Јордан, кој на време не дозволи прелетување на израелскиот авион низ јорданскиот воздушен простор на пат кон Абу Даби.

Против Нетанјаху се води судски процес за корупција и тој очекува да биде реизбран на парламентарните избори закажани за 23 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2021 12:08