Старосната граница на работниците за заминување во пензија нема да се зголеми, туку ќе си остане на сегашните граници ниту пак Владата на Република Македонија размислува за зголемување на процентот за социјалните придонеси – истакна денеска Министерот за финансии Кирил Миновски.


Миновски: Старосната граница за пензија останува иста

Во Република Македонија, според законските прописи, мажите заминуваат во пензија на 64 години додека жените на 62 години. Согласно последните законски измени вработените лица кои остваруваат право на пензија може доколку сакаат да поднесат барање да го продолжат својот работен век а работодавачот е должен да го прифати барањето и да им го продолжи работниот однос на барателите.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2016 12:51