Diners Club International, како давател на франшизата, ја поддржува трансакцијата и го одобрува преносот на лиценцата ECC, како и иден развој на брендот на Diners Club и деловното работење на овие пазари, соопштија од Дајнерс Клуб Интернешенал МАК. Договорот за купопродажба на сопственичкиот удел помеѓу компанијата SKB Capital S.A. од Луксембург и Erste Card Club, со седиште во Загреб е потпишан во Белград со што Erste Card Club и официјално стана сопственик на Diners Club во Македонија, Србија и Црна Гора.

– Согласно со договорот, ECC го презема ексклузивното право за издавање и прифаќање на Diners Club картичката, односно одговорноста за понатамошен развој на брендот Diners Club и идниот развој на подрачјето на Србија, Македонија и Црна Гора. Се очекува најдоцна до првиот квартал од 2017 година да се завршат трансакциите и да се изврши финално пренесување на деловните удели, откако ќе бидат исполнети формално-правните услови од самиот договор, како и издавање одобренија од сите регулаторни тела.

Како најголем издавач во регионот, ECC на територијата на Србија, Црна Гора и Македонија ќе донесе нови платежни решенија од палетата на производи на Diners Club и со тоа ќе ја збогати понудата на пазарите на овие три земји. Предностите од спојувањето на франшизата на регионално ниво, како и големиот потенцијал за проширување на деловните можности и успеси, ќе ги почувствуваат сите учесници во бизнис-франшизата, како и нашите партнери.

Erste Card Club d.o.o. е картична компанија со повеќе од 550.000 издадени кредитни картички во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Словенија. Таа е дел од една од најголемите банкарски групации во Средна и во Источна Европа, Ерсте Групацијата, и нејзиниот партнер во овој регион, Steiermärkische Sparkasse од Грац. Покрај франшизата за Diners Club во Хрватска, која е една од 10-те најголеми и најуспешни во светот, ECC е сопственик и на Diners Club франшизата во Босна и Херцеговина и во Словенија, а присутна е и на пазарите во Унгарија, Бугарија и во Романија во сегментот на прифаќање на картичката, се наведува во соопштението.


Дајнерс преминува во рацете на Ерсте кард клуб

Досегашното работење на трите наведени пазари опфаќа нешто повеќе од 40.000 издадени картички Diners Club, со вкупен промет од 90 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2016 13:14