Горан Данилoвиќ, Министерот за внатрешни работи во преодната Влада на Црна Гора се соочува со истрага за злоупотреба на службената положба прибавувајќи нелегално лични податоци од граѓаните на Црна Гора за лична и политичка цел.
Во текот на вчерашниот ден од страна на специјална единица при Министерството за внатрешни работи и форензичари а по налог на Специјалното обвинителство. При претресот одземени се голем број на предмети и документација и предадени на обвинителството, пренесуваат Црногорските медиуми.
Истрагата во обвинителството против Црногорскиот Министер за внатрешни работи е отворена по поднесена кривична пријава од страна на владеачката Демократска партија по прес конференцијата на која објавија дека поседуваат голем број на докази за злоупотреба на лични податоци на граѓаните на Црна Гора како и злоупотреба на класифицирани документи од страна на Горан Даниловиќ.