Индустриското производство во ЕУ и еврозоната се опорави во јануари, по стагнацијата на крајот на 2020 година, покажа извештајот на Евростат.

Во Европската унија со 27 земји, сезонски прилагодената индустрија за производство се зголеми за 0,7 проценти во јануари во однос на претходниот месец, кога, според ревидираните податоци на Евростат, стагнираше.

Во еврозоната индустриското производство се зголеми за 0,8 проценти во споредба со декември кога според ревидираните податоци на Евростат падна за 0,1 процент.

Производството на нетрајни производи за широка потрошувачка порасна најмногу во ЕУ во јануари, за 0,8 проценти, додека во еврозоната, со иста стапка на раст, предничеше секторот за трајни производи за широка потрошувачка.Во ЕУ секторот за производство на трајни производи за широка потрошувачка бележи слаб раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2021 15:25