Министерството за здравство на Индија денеска на својата веб-страница објави дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 25.320 нови случаи на Ковид-19.

Со ова, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија од почетокот на пандемијата се искачи на 11.359.048 лица.

Зголемувањето на бројот на заразени во последните 24 часа е најголемо во последните два и пол месеци. Смртните случаи поврзани со компликации од коронавирус се зголемени за 161 во последните 24 часа на 158.607 и ова е највисок број во последните 44 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2021 13:26