На 14.03.2021 полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага и Единицата за интервентна полиција во с. Арачиново го лишија од слобода С.С.(44) кој се барал со потерница од КПУ Идризово за издржување затворска казна од пет години и еден месец, а во врска со чл.261 ст.1 од КЗ. Лицето е спроведено во КПУ Идризово.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2021 14:39