Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 114, 12 санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење на сигурносен појас.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, две за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), 20 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2021 10:28