Жител на Горна Бањица нашол две експлозивни направи кои најверојатно потекнуваат од Втората светска војна. Гранати те се подигнати и транспортирани на безбедно место, соопшти денеска СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово, вчера околу 18:00 часот, Л.Е.(33) од гостиварска Горна Бањица пријавил дека во стар, руиниран помошен објект пронашол две гранати калибар 82 милиметри, кои најверојатно потекнуваат од Втората светска војна.

Увид извршила екипа од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар. Гранатите се подигнати и безбедно транспортирани од Дирекцијата за заштита и спасување.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2021 14:12