Триесет и деветгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека синоќа физички бил нападнат од две лица, додека се движел пеш со своето дете.

Настанот се случил околу 18 часот кога И.Р.(39) од Тетово се движел по улица „Љуботенска“ кон улица „146 “ во Тетово, заедно со неговиот малолетен син.

-Според пријавеното физички бил нападнат од С.И.(38) и уште едно друго лице на возраст од триесетина години, исто така од Тетово. Во пријавата е наведено дека С.И. се обидел во нападот да употреби и остар предмет, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата ќе презема уште мерки со цел расчистување и документирање на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2021 15:25