Во рамки на „Конференцијата за ефектите од пандемијата на КОВИД-19 врз македонската економија – нееднаквост во време на Корона“ што ја организираат Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ), денеска ќе се одржи панел дискусија на тема „Нееднаквост во време на корона“.

На панел дискусијата ќе учествува министерот за економија Крешник Бектеши, а обраќања ќе имаат и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорката на Централниот регистар, Марија Б. Јанковски, пратеникот и претседател на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РСМ, Тимчо Муцунски, како и главниот советник за економски прашања на Управниот одбор на Стопанската комора, Зоран Јовановски.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2021 10:30