Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знама на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2021 14:26