Осумнаесет лица од Куманово ја прекршиле забраната за движење од воведувањето на полицискиот час, од 10 март годинава, информираа денеска од СВР Куманово.
Од почетокот на пандемијата од лани на подрачјето на СВР Куманово, регистрирани се вкупно 256 лица за непочитување за забраната за движење, од нив 178 биле од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, 49 лица од Крива Паланка и Ранковце и 29 во Кратово.
-На подрачјето на СВР Куманово има неколку пунктови на влезот и излезот од градот, се контролира секое возило, се проверува дали поседуваат дозвола. Би сакале да ги информираме граѓаните кои не поседуваат дозвола доколку имаат нужна потреба да се јават на 192, да побараат дозвола за да не се соочат со пријава. Апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките од Владата, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширење на коронавирусот, изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.