Во текот на денешниот ден (17.03.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на сообраќајни прекршоци на територијата на Битола. Санкционирани се вкупно 87 возачи, од кои 41 за возење со поголема брзина од дозволената, 11 за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.