Во Кривичниот суд Скопје денеска е закажано ново рочиште за случајот „Тортура”. Свој исказ пред судечкиот совет на последното рочиште имаше еден од обвинетите поранешни припадници на единицата „Алфа” при МВР, кој истакна дека истражители на СЈО му вршилте притисок да го смени исказот даден пред обвинител.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО е осомничен за кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2021 10:25