Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе обвинителен предлог против две лица, косовски државјани, за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Обвинетите на 17 март во 23:05 часот, за време на важечки полициски час, со автомобил се движеле по автопатот Е-75, па на наплатна станица Отовица биле сопрени и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2021 16:07