Од воведувањето на полицискиот час, на 10 овој месец, забраната за ограничено движење во Дебар првпат е прекршенa синоќа.

-Регистрирани се четири прекршувања на забраната за движење од 22:00 до 5:00 часот, воведена со цел спречување на ширењето на Ковид-19. Против овие лица , ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Информираше, исто така, дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, дебарското одделение за внатрешни работи поднело кривична пријава против П.Ш.(64) од Дебар.

-На 11 овој месец, полициски службеници извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во неговиот дом, при што констатирале дека не го почитува решението за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, додава тој.

Според Димовски, врз основа на статистичките податоци на ОВР – Дебар во изминатото деноноќие, на ова подрачје полициските службеници констатирале пет прекршоци за неносење лична заштита на лицето, за што ним им се издадени прекршочни платни налози. Овој месец издадени се 62 вакви налози.

Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат во зминатите 24 часа извршиле 12 контроли во угостителски и други објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2021 18:32