Околу пладне денеска во центарот на градот се случила тепачка во која учествувале повеќе лица. Снимка од настанот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции, но засега нема повеќе детали.

ОД СВР Струмица информираат дека настанот бил пријавен во полицијата околу 12:00 часот од граѓани.

Оттаму посочуваат дека Секторот за внатрешни работи Струмица во кординација со Основното јавно обвинителство презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Дел од медиумите и на социјалните мрежи објавија дека во тепачката учесник бил и Александар Трајков, дел од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук ја демантираше оваа информација.

-Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека ‘нападнатите лица‘ на видео снимката не биле само двајца туку биле дваесетина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во казино со дрвја, камења и со ладно оружје, напиша тој на социјалната мрежа.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2021 23:22