Четиринаесет лица од Берово и едно од Пехчево организирале и биле дел забава во угостителски објект во Берово. Лицата се на возраст од 21 до 38 години.

Петнаесеттемина учесници на журката, но и гостителскиот објект заработија кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Според информациите на СВР-Штип пријавените на 17 јануари, околу 18.25 часот во просториите на правниот субјект во Берово организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што за време на епидемија не се придржувале според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2021 23:23