Македонско кредитно биро (МКБ) почна соработка со Централна кооперативна банка (ЦКБ) АД Скопје за шалтерска продажба на сопствени извештати.
Отсега, сите правни и физички лица ќе можат да добијат Сопствен извештај во која било експозитура/филијала на ЦКБ АД Скопје ширум земјата.
МКБ, како што соопшти, е единствената институција на пазарот која изготвува Сопствен извештај за физички и Сопствен извештај за правни лица.
– Извештајот е единствен на пазарот што содржи податоци за задолженост и редовност во исполнување на обврските и тоа: обврски по основ на кредити, жиранства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги. Исто така извештајот содржи и податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време кои укажуваат на тоа дали трансакциската сметка е блокирана или не, наведува МКБ.
Според Македонско кредитно биро, соработката со ЦКБ АД Скопје е резултат на постојаните заложби за подобрување на пристапот на услугите и прилагодување на потребите на клиентите.