Вкупно 183 лица го прекршиле полицискиот час на тероторијата на цела држава од почетокот на 10 март оваа година, а најголемиот број со 75 прекршувања се во Скопје.

Мерката забрана за движење од почетокот на воведувањето досега, информираат за МИА од МВР, во Битола ја прекршиле 14 лица, во Велес 16, во Куманово 22, во Охрид осум лица не го почитувале полицискиот час, додека во Струмица 15, тетово седум и во Штип 26 лица.

Полицискиоти час во најголем број го прекршиле лица на возраст од 18 до 67 години. Во Скопје 68 лица од 18 до 67 години не ја почитувале забраната за движење, во Битола 14, во Велес 16, во Куманово 22, во Охрид осум, додека во Струмица 15, во тетово седум и во Штип 22 лица на возраст од 18 до 67 години го прекршиле полицискиот час.

За МИА од МВР информираат дека само седум лица на возраст до 18 години во Скопје го прекршиле полицискиот час и четворица во Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2021 14:14