Полицајци вчера околу 15 часот кај месноста „Ѓинов камен" близу селото Варвара затекнале жител на Слатино кој во возило носел огревно дрва без потребни документи, по што го привеле во полициска станица.

-Полициски службеници на СВР Tетово во село Варвара, во месноста „Ѓинов камен", го лишиле од слобода 52-годишниот Б.Н. од тетовско Слатино, кој со патничко моторно возило „лада самара" со скопски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи. Извршен е увид, а времено му биле одземени возилото, дрвата и моторна пила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Одземените работи се предадени на Шумска полиција за натамошна постапка, а СВР Тетово ќе го документира случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2021 16:31