На 19.03.2021 во 16.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Т.В.(37) од Скопје поради сомнение дека на 11.11.2020 година од лицето В.М.(40) одзел паричник со пари.

Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2021 15:41