На 19.03.2021 во 22:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат помеѓу тетовските села Палиште и Стримница, по претходна расправија поради љубовна врска, Ѓ.К.(30) од с.Шемшево, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“, предизвикала сообраќајна незгода со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(32) од с.Стримница.
Притоа, двете возила излетале од коловозот и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Известен е Јавен Обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.