На 19.03.2021 во 21:39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Генерал Штаб на АРМ на ул.„Орце Николов“ биле забележени и задржани двајца странски државјани.

Тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и O.J.Х.(33), двајцата државјани на Англија.

Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2021 02:01