Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 19 за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, една санкција за управување под дејство на алкохол, 26 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2021 11:56