Собраниската Комисија за економски прашања денеска го прифати во прво читање Предлогот за измени на Законот за градежни производи.
Со предложеното решение, како што појасни заменик-министерот за економија Зоран Маневски, се врши усогласување со одредбите за глоба од Законот за прекршоци и се дефинира носењето на македонските национални стандарди или македонските технички прописи за градежните материјали од нехармонизираното подрачје.
Целта на законот е да се овозможи намалување на висината на глобите. Покрај ова, во законот се врши и усогласување со промената на името на Република Македонија во „Република Северна Македонија“.