Бидејќи рестораните, пабовите и баровите во Германија беа затворени поради пандемијата, една пиварница во Дизелдорф остана со вишок од 6.000 литри од своето препознатливо пиво со бакарна боја „Алтбиер“, на кое му се приближувал истекот на рокот…

Но, пиварницата „Фојхшен” излезе со идеја да се здружи со 10-ина помали пекари кои користат варен јачмен и други житарки во подготовката на својот леб.

– Би било штета да се истури така добро пиво!, рече Питер Кених, чие семејство работи во пиварницата од 1908 година. Па така, дојдовме на идејата за „пивски леб“ – целосно ја изоставиме водата при мешањето тесто. Одлично е што овие две занаетчиски дејности ги споивме вака!, вели тој.

Новиот леб е пополн и со златна, крцкава кора, а мека средина, според пекарката Јаника Дерксен, чие семејство ја одржува пекарницата „Ќелвен“. Таква векна тука се продава за 3,95 евра, а вклучува и шише пиво „Алтбиер“ бонус.

Затворањето на рестораните, пабовите и баровите поради корона-падемијата е проблем особено за германските мали пиварници, како што е „Фојхшен“, која сега нема кому да го достави својот производ.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/03/2021 12:14