Италијански модел пред извесно време ги запрепасти своите следачи откако им ја покажа драматичната трансформација на својата вилица…

Лука Марчези од Милано себеси се нарекува „извршен директор на вилицата“ и не е многу тешко да се разбере зошто? По три години „тренинг“, тој ја сподели тајната околу неговата истакната „мажествена“ вилица, но наиде на поделени мислења во јавноста.

Видеоснимките на Тик-ток ги погледнале милиони корисници. Во едно видео, Марчези џвака мал гумен предмет што се користи за зајакнување на мускулите на лицето.

„Дали мислите дека претерав?”, праша тој во придружниот коментар.

Многумина, вклучително и лекари, се согласија дека претерал.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2021 15:25