На 30.03.2021, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.И.(51) од Штип затоа што на 29.03.2021 во 22.45 часот бил затекнат при вршење на кривично дело „кражба“ од магацински простор на ул.„Железничка“ во Штип и не ја почитувал мерката забрана за движење во периодот од 22.00 до 05.00 часот.

Украдените предмети биле одземени и вратени на оштетеното лице.

По целосно документирање на случајот против Ј.И. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2021 14:26