СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама“.

Во периодот од 2 јули 2019 до 13 февруари 2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми.

Лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од село Џепчиште и М.Б.(62) од село Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства. Со ваквото дејствие причинета е материјална штета од околу 315.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2021 00:51