Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 191 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, 11 санкции за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас и 68 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.