На 01.04.2021 во 14.00 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Ш.С.(46) од с.Неготино, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „грабнување“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.