При вчерашна спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата и за други видови сообраќајни прекршоци на подрачјето на Гостивар, реализирана во населбата Малеарди, улиците „Браќа Ѓиновски“, „Илинденска“, на магистралниот пат Гостивар-Кичево и регионалниот пат Гостивар-Дебреше, биле откриени и санкционирани 16 возачи за управување технички неисправни возила, од кои 10 со неисправни сопирачки и 6 со други недостатоци.

Како што соопштува МВР, десет од нив веднаш биле исклучени од сообраќај.

При контролата, посочуваат од МВР, исто така, санкционирани се и пет возачи поради немање возачка дозвола, со впишана забрана за управување возило и други прекршоци, на кои им се изготвени соодветни поднесоци. Во вчерашната акција биле откриени и подигнати 4 непрописно паркирани возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2021 13:36