Малолетнича од Скопје вчера била удрена од автомобил Бе-Ем-Ве, при што се здобила со тешки телесни повреди, соопшти денеска МВР.

– Вчера во 18:10 чaсот на улица „Лазар Трповски“ во Скопје, патничко возило Бе-Ем-Ве со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф. (28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на незгодата. Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во соопштението на Министерството.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2021 13:37